Ѓоковиќ е незадржлив, стигна до 30-тото финале на Гренд слем турнирите!

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најдобриот тенисер во светот, откако со 3:0 во сетови го победи Денис Шаповалов и се пласираше во големот финале на Вимблдон. За српскиот тенисер ова е седмо финале на Вимблдон, а вкупно 30-то во кариерата. Пред Ноле е само Роџер Федерер кој има одиграно 31 финале на големите натпреварувања.

МЕНТАЛНАТА СИЛА НА ЃОКОВИЌ УШТЕ ЕДНАШ БЕШЕ ГОЛЕМ АДУТ ЗА СРБИНОТ

Светскиот рекет број 1 лошо го започна мечот против Шаповалов, па Канаѓанецот уште во третиот гејм направи брејк и поведе со 2:1, а потоа имаше предност и од 3:1. Водеше Шаповалов со 5:4 и сервираше за да го добие првиот сет, но тогаш се виде менталната сила на Ѓоковиќ. Србинот одигра одличен гејм и израмни на 5:5, а потоа сетот мораше да се решава во тај-брејкот. Во ваква ситуација, Ѓоковиќ е речиси непогрешлив и го доби првиот сет со 7:3 во тај-брејкот.

Во вториот сет, двајцата тенисери беа успешни на свој сервис до 5:5, а потоа Ѓоковиќ направи брејк и тоа беше доволно потоа да го одработо својот сервис и со 7:5 да го добие вториот сет. Третиот сет беше како реприза на вториот. Беше 5:5, кога Шаповалов сервираше, а Ѓоковиќ направи брејк за 6:5. Потоа Србинот лесно го доби својот сервис и по речиси три часа игра, се пласираше во големото финале.

Во финалето, Ѓоковиќ ќе игра против Италијанецот Матео Беретини кој денеска го победи Хуркач со 3:1 во сетови. Финалето се игра в недела од 16 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести