Затоа се најдобри – Sport Life додели два Пежо 3008: За играчот со најдобар тикет и за типстерот со само една утка

Трајан Јордановски од Струга е еден од двајцата добитници на „пежо 3008“ од играта на Sport Life „Двојна шанса за пежо 3008“. Неговата приказна до тоа како стигна да се поднови со прекрасниот џип е доста интересна и уште долго ќе се зборува меѓу обложувачите низ земјава.

Трајан како еден од најредовните клиенти на најдобрата обложувалница во Македонија, докажа дека лојалноста се исплати. Тој е човекот што го уплати второто ливче воопшто на првото уплатно место кое се отвори во Струга, а го памети и денот, петок, 13 август 2005 година.

За да ќари еден од двата џипа, Трајан издвои само 20 денари, а добивката од 281.314 денари му е воедно најголема во животот. Трајан уште од април беше лидер во табелата со добитни тикети со 14.065,69 квота, а во крајот на етапата ниту еден друг обложувач не се покажа како подобар од него.

ДОКАЗ ДЕКА ЛОЈАЛНОСТА СЕ ИСПЛАТИ

На уплатното место каде што го креирав добитниот тикет кој ми го донесе џипот, го уплатив второто ливче воопшто. Беше тоа во летото 2005 година кога првпат се отвори локалот, што значи дека сум еден од најредовните обложувачи, ако не и најредовен. Претходно бев во игра со тикет со добивка од 1,5 милион денари, но паднав на „кец“ во дербито меѓу Барселона и Атлетико. Не изгубив надеж, па среќата ми се насмева кога ставив минимален влог“, ни раскажа Трајан.

Имало драми во исчекување на ливчето да биде добитно. Се чекаа три или повеќе голови во австриското дерби меѓу Рапид и Салцбург, а резултатот гласеше 1-0 за гостите до истекот на 90-те минути. Со два брзи гола на Салцбург во третата и петтата минута од судиското надополнување,  тикетот на Трајан „преживеа“, па на крајот чекаше победи на Манчестер јунајтед и Рома за големата добивка од 4.500 евра.

Нема добитен тикет без нервози и драми. Салцбург „играше“ со моите нерви кога чекав да биде 3+ во мечот против Рапид. Австрискиот првак имаше резултат за победа, но 1-0 мене не ми одговараше, па за само две минути по регуларните 90 паднаа уште два гола, тоа беше знак дека ќе се случи нешто убаво. На крајот чекав победа на Јунајтед на гости кај Тотенхем, а Рома славеше минимално против Болоња и ми го потврди добитниот тикет“, вели Трајан.

Трајан беше во игра и минатата сезона кога се доделуваше стан на Водно за најдобриот типстер во Типстер купот. Без да има добитен тикет, цел месец беше лидер на истото уплатно место во Струга, но за жал не стигна до самата цел. Тоа му беше знак дека треба да продолжи со учество и во останатите игри кои ги нуди Sport Life, па големата добивка во пакет со клучевите за „пежото 3008“ се најдобрата порака што Трајан може да ја испрати до останатите, дека кога-тогаш „играњето спортска“ се исплаќа.

ПАТОТ ДО „ПЕЖОТО“ ОДИ ПРЕКУ ПРВИОТ НЕДОБИТЕН ТИКЕТ

„Двојна шанса за пежо 3008“ подразбира дека двајца клиенти на Sport Life се подновија со прекрасниот џип, а Сашко Јанковски од Делчево е човекот кој беше најдобар во конкуренцијата на недобитни тикети со еден промашен пар. Откако почна акцијата на најдобрата обложувалница во Македонија, Сашко веднаш состави тикет со голем коефициент од 635.212,05, a добивката од неверојатни 2,5 милиони денари му избега поради еден гол.

За среќата да му биде двојна, не го посака дуелот меѓу Баер Леверкузен и Келн, кој заврши со 3-0, а Сашко чекаше гостите барем еднаш да ја затресат мрежата на Леверкузен, па во пакет со џипот да ќари и парична награда. Како и да е, првиот недобитен тикет му донесе голема радост на Сашко, а утешната награда е повеќе од убава.

Според мене пежото е утешна награда, нормално дека ќе беше поубаво да дојдеше во пакет со тикетот. Жал ми е што морав да ја сменам комбинацијата, прво типував 3+, па сменив во ГГ3+, а Келн не успеа да даде еден гол и загуби со 3-0. Ќе ми беше тоа најголема добивка, бидејќи досега сум немал добитен тикет со повеќе од 60.000 денари. Но, и вака е добро“, вели Сашко.

Сашко учествувал во сите акции досега во Sport Life, но кога се појави играта за џиповите, одлучи со посебно внимание да се приклучи и да си ја проба среќата. Неговата порака до останатите обложувачи е кој игра тој и добива, што значи дека треба да се биде упорен, но воедно да се игра одговорно бидејќи сепак ова се игри на среќа.

- Оглас -

Најнови вести