Со „20-че“ си ќари 4.500 евра и стана лидер во трката за „пежо 3008“

Обложувачот од Струга, Трајан Ј. имаше викенд за паметење во кој само so 20 вложени денар, си ќари малку повеќе од 4.500 евра, или 281.314 денари, а добитниот тикет воедно го направи и лидер меѓу добитните коефициенти во наградната игра на Sport Life, Двојна шанса за „пежо 3008“.

Тикетот кој почна со сигурната „двојка“ на Наполи и заврши со минималниот „кец“ на Рома, за Трајан се покажа како одлична комбинација во која типуваше и на голови. Гостински триумф на Манчестер јунајтед во дербито против Тотенхем му носеше највисока квота на тикетот од 2.50, а Ѓаволите со сигурни 3-1 славеа во Северен Лондон.

Трајан како лидер меѓу водечките добитни коефициенти со засега највисока 14.065,69 квота ќе чека до 29 мај за да дознае дали неговата комбинација ќе биде доволна за да се поднови со прекрасниот џип „пежо 3008“.

Неверојатен е и тикетот на Ненад С. со кој изби на првата позиција со недобитен коефициент од 16.291, уплатен во објектот Делчево 2 минатата сабота.

- Оглас -

Најнови вести