Интер ќе добие 7,5 милиони евра поради несреќата на Ериксен на ЕП

Од 2012 година, Светската фудбалска федерација во соработка со континенталните куќи на фудбалот направија договор, клубовите да добиваат одредена компензација, доколку некој нивни играч се повреди, поради која ќе паузира подолг временски период.

Според тој договор, парична компензација на клубовите им се даваат само во случај играчот да биде надвор од теренот барем четири недели, но не повеќе од една година. Во пресрет на финалето на ЕП, пријавени се 30 фудбалери од 18 различни клубови кои заработија повреди и ќе мора нивните клубови да добијат компензација.

Вкупно досега се издвоени 16,7 милиони евра кои треба да бидат дадени за компензација на клубовите, а интересно е дека речиси половина од оваа сума ќе заврши во касата на Интер и тоа поради еден играч. Капитенот на Данска, Кристијан Ериксен доживеа срцев удар за време на мечот против Финска, но лекарите за среќа успеаа да го спасат.

Ериксен засега добро закрепнува, но сигурно нема да игра во следните година дена, па во касата на Интер ќе се влејат 7,5 милиони евра како оштета за таа несреќа на ЕП. овие пари ќе бидат добродојдени за Нераѕурите кои на ериксен му плаќаат 10 милиони евра на годишно ниво.

Оваа одлука за давање на компензација е донесена пред почетокот на Европското пренство во Полска и Украина во 2012 година, кога беше потпишан договор наречен „Програма за заштита на клубовите“.

Од големите ѕвезди, повреда на ЕП 2020 заработи и Осман Дембеле од Барселона. Тој се повреди во дресот на францускатга репрезентација и ќе паузира четири месеци. Според пресметките, Барселона за повредата на Дембеле ќе треба да добие 3.2 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести