Ливерпул му ја сврте на Барнли, „волците“ го шокираа Челзи

Ливерпул со 3-1 славеше на гостувањето кај Барнли во мечот од рамките на 15-тото коло во Премиер лигата. „Црвените“ на Јирген Клоп беа во незавидна ситуација по стартот на второто полувреме. Домаќините поведоа со 1-0, по грешката на Алисон, мрежата ја стресе Корк.

Но, еуфоријата траеше само осум минути бидејќи Милнер со одличен удар од далечина израмни. Во 69-тата минута Фирмино го комплетираше пресвртот, a за конечни 3-1 погоди Шаќири во финишот на мечот, за 12-ти триумф на Ливерпул по 15 средби во англискиот шампионат.

Вулверхемптон го шокираше Челзи на „Молину“ со конечни 2-1. Избраниците на Маурисио Сари по првите 45 минути го имаа резултатот во своја корист, за водство од 1-0 погоди Лофтус-Чик. Сепак, вториот дел целосно им припадна на домаќините. Хименес во 59-тата минута го израмни резултатот, а Јота само по четири минути го совлада Кепа за комплетен пресврт на мечот.

Евертон и Њукасл ремизираа при конечни 1-1, додека Фулам и Лестер со идентичен резултат ја одиграа средбата на „Крејвен котиџ“.

- Оглас -

Најнови вести