Англија никогаш во историјата не била европски првак, а доколку вечерва ја победат Италија, капитенот Хари Кејн ќе биде првиот Англичанец што ќе го подигне трофејот наменет за континенталниот шампион. Кејн беше играчот што го даде победничкиот гол против Данска во полуфиналето, а вечерва ќе води голема битка со искусните италијански дефанзивци, Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.
„Тие се одлични дефанзивни играчи. Одлично ја читаат играта на противниците и знаат како да се постават. Вистински воини и знам дека ќе има голема битка на теренот. Поради вакви мечеви го сакаме фудбалот. Сигурно дека сите кои ќе бидат на теренот, ќе сакаат да победат. Тоа што се игра на Вембли, го прави дуелот уште поспецијален. Верувам дека нашите навивачи ќе ни бидат голема поддршка“, рече Кејн.