Рускиот тенисер Данил Медведев не успеа да се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Париз откако беше поразен од 24-тиот тенисер во светот, Австралиецот Алексеј Попирин, со 4:6, 6:2, 6:7. Петтиот тенисер во светот загуби по два часа и 33 минути игра во меч со дури 86 неизнудени грешки.
Медведев добро започна и поведе со 3:1 во првиот сет, но Попирин успеа да се врати и да го сврти резултатот на 4:3, а потоа направи брејк во десеттиот гем за да го освои сетот.
Во вториот сет, рускиот тенисер двапати му го одзеде сервисот на Попирин и го освои сетот.
Во третиот сет, Попирин поведе со 4:1, но Медведев успеа да израмни на 4:4. Двајцата тенисери ги освојуваа своите сервис гемови до тај-брејкот, кој Австралиецот го доби со 7:4 на поени.
Следен противник на Попирин ќе биде победникот од дуелот меѓу домашниот тенисер Џовани Мпетши Перикар и Русинот Карен Хачанов.
Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласира во осминафиналето откако го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери со 6:7, 6:3, 7:5. Димитров во следната рунда ќе игра против Французинот Артур Риндеркнеч, кој го совлада Американецот Алекс Микелсен со 7:6, 7:6.