Италија одигра одлично во текот на целото Европско првенство и на крајот заслужено стигна до титулата наменета за континенталниот владетел. Во финалето, Аѕурите дури по подобро изведување на пеналите го победија домаќинот Англија.
По завршувањето на мечот, навивачите излегоа на улиците низ цела Италија и започнаа лудо славење. Со развиорени знамиња и песна, но и со многу пиротехнички средства, навивачите се радуваа, а на оние кои ги снимаа моментите на радост, беа забележани повеќе необични моменти.