Јулиус Секитолеко, кој требаше да ја претставува Уганда на Олимписките игри во кревање товар, е вратен во родната земја. Кога Јулиус пристигна во Токио, избега од олимпиското село со план да најде работа и да остане да живее во Јапонија.
Сепак, овој план се покажа како неуспешен откако полицијата успеа да го најде избеганиот спортист, па Јулиус, кој реши воопшто да не биде дел од Игрите во Токио, на крајот е депортиран во својата земја.