Се случи чудо: Црвена ѕвезда првпат загуби точно по ДЕВЕТ МЕСЕЦИ (Видео)

Казахстанскиот првак Каират Алмати славеше со 2:1 против Црвена ѕвезда во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, па српскиот првак на реваншот на свој терен во Белград ќе мора да брка победа. Победата на Каират значеше и крај на неверојатната серија на Црвено-белите без пораз.

Неверојатни девет месеци траеше непобедливоста на Ѕвезда, која немаше загубено од 22 октомври минатата година на гости кај Хофенхајм во групната фаза од Лигата на Европа. Од тој меч до овој меч со Каират, Ѕвезда одигра 48 средби, во кои се израдува на 39 победи, а деветпати одигра нерешено. Шампионот на Казахстан го најде „лекот“ за тоа како да ја матира Ѕвезда.

Каират во водство дојде по еден добро изведен корнер, кога Канте со глава биеше неодбранливо за гостинскиот голман Борјан.

Во второто полувреме гостите заиграа подобро и во 57-мата минута се израдуваа на гол за 1:1. Тоа всушност беше автогол на Хрватот Дино Микановиќ.

https://twitter.com/i/status/1417866812172156928

Ѕвезда тргна во офанзива да даде и втор гол за да направи целосен пресврт, но се случи шок за гостите. Повторно Каират имаше корнер, по кој гостите лошо реагираа во одбраната, а тоа го искористи Бањак кој погоди за 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести