Алесандра Перили е новата хероина на малата држава Сан Марино бидејќи стана првата спортистка од таа земја која освоила медал на едни Олимписки игри. Перили, која има 29 години, освои бронзен медал во стрелаштво трап, кај нас познато како пукање во глинени гулаби.
Само со 35.000 жители, Сан Марино е најмалата држава која освоила медал на Олимписки игри. Со тоа, Сан Марино ги истисна Бермудските Острови на второ место. Бермудите со 63.000 жители само два дена беа рекордери како најмала земја освојувач на медал.