Досега невидено на ЛОИ: Држава која има помалку жители од скопската општина Аеродром стигна до златен медал

Бермудските Острови од денеска се запишани во листата на земји кои имаат освоено злато на Олимписки игри. Оваа мала островска земја која се наоѓа во Атланскиот океан има само 63.000 жители, а од денеска е најмалата земја во историјата што освоила најсјајно одличје на ЛОИ.

Флори Дафи е хероината на Бермудските Острови откако во триатлон беше најдобра и со време од 1:55.36 стигна до златниот медал. За тоа колку е голем овој успех за оваа мала земја, покажува и фактот дека бројот на жители на Бермудските Острови е помал од бројот на жители што има скопската општина Аеродром, но и некои други поголеми скопски општини.

Бермудските Острови веќе имаа еден медал на ЛОИ, и тоа во далечната 1976 година во Монтреал, кога боксерот Кларенс Хил освои бронза.

 

- Оглас -

Најнови вести