Макс Крузе, капитенот на олимпискиот национален тим на Германија, на доста интересен начин ја запроси девојка му Дилара додека настапуваше со Панцерите на ОИ во Токио.
По победата над Саудиска Арабија, Крузе наместо да даде изјава, клекна на едно колено и преку камерите го постави судбоносното прашање, на кое Дилара одговорила позитивно, но оваа романтична приказна наиде на голема пречка поради најзгодната навивачка која се појави на Европското првенство.
Манекенката Ванеса Марипоса тврди дека Крузе ја извенерувал девојка му со неа кога се сретнале во Дубаи.
„Не ми се верува дека имаше афера со мене, а сега сака да ја жени девојката која ја изневери. Се запознавме во Дубаи, Макс ме покани во неговата вила и се дружевме неколку дена, имавме и односи. Да знаев дека има девојка ќе го одбиев. Од таа средба се немаме видено, но до неодамна се слушавме на телефон, јас дури и чувам негова маица“, порача згодната Ванеса.
Фудбалерот на Унион Берлин ги демантираше овие обвинувања, но со сигурност неговата бајка наиде на црна дамка.