Германскиот капитен наместо да даде изјава, ја запроси девојка му (видео)

Макс Крузе, капитенот на олимписката фудбалска селекција на Германија, по денешната победа над Саудиска Арабија, ја запроси девојка му кога требаше да даде изјава.

Крузе го соблече дресот за да ја покаже маицата на која пишуваше: „Те сакам, ќе се омажиш ли за мене?“, по што прашањето го постави клекнат на едно колено пред камерите.

Како што извествуваат германските медиуми кои се во Токио, девојка му Дилара го прифатила запросувањето и планирано е да се венчаат штом Крузе се врати со репрезентацијата од олимписките обврски.

- Оглас -

Најнови вести