Драма во Токио – Женскиот ракомет не донесе промена, финалето ќе биде реприза од Рио

Русија ја доби драмата против Норвешка со 27:26 во второто ракометно женско полуфинале во Токио и повторно ќе игра за златен медал против Франција.

Во реприза од полуфиналето на претходните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, Русинките пак беа подобри од Норвежанките и пак ќе имаат шанса за златен медал против истиот ривал што го победија со 22:19 во 2016 година.

Ана Вакјирева беше незадржлива за Норвежанките и со 8 погодоци ја предводеше Русија со ново финале. Макеева и Илина постигнаа по 4 гола, а актуелните олимписки шампионки ќе имаат нова шанса за најсјајното одличје на женскиот ракометен турнир.

Претходно Франција ја победи Шведска со 29:27 и ќе се обиде да ѝ се реваншира на Русија за поразот во Рио пред пет години.

 

- Оглас -

Најнови вести