Реванш на Французинките, европскиот првак Србија остана без олимписки медал

Франција го освои бронзениот медал на женскиот олимписки турнир во кошарка во Токио и патем успеа да и се реваншира на Србија за поразот во финалето на Европското првенство одиграно пред еден и пол месец.

Денеска во „малото“ финале, Триколорките беа подобри и победија со 91:76 и ја освоија бронзата. Србинките водеа по првиот период со 23:19 и потоа неочекувано застанаа,па ривалките од Франција ја презедоа контролата на мечот.

Предводени од Вилијамс која постигна 17 поени и од Мијем со 16 поени, Франција прикажа многу повеќе во мечот за третото место. По првото полувреме водеа со 43:40, а потоа разликата постојано растеше.

Србинките се обидоа да приредат подвиг, со серија од 12:0во последниот период дојдоа до негатува од 71:78, но Французинките не дозволија чудо и голем пресврт, па славеа со убедливи 15 поени разлика.

Кај поразениот состав и на мечот најефикасна беше Ивон Андерсон со 24 поени, Брукс уфрли 14 поени, но Србија немаше ниту една друга кошаркарка со двоцифрен број на поени и не успеа да ја освои бронзата.

Финалето меѓу Јапонија и САД ќе се игра утре во 4.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести