Коњот не беше мирен, ја расплака натпреварувачката па доби бокс од тренерот (Видео)

Аника Шлои, германската натпреварувачка во модерен пентатлон на Летните Олимписки Игри во Токио остана со солзи во очите, откако не успеваше да го смири коњот во една од сициплините, а потоа се случи вистински скандал.

Нејзиниот ментор и тренер, Ким Рајзнер откако сфати дека може да биде загубена шансата за медал го удри коњот со тупаница. Ударот не беше силен, но беше доволен за дисквалификација на Рајзнер, која и самата е поранешна олимпијка со освоено петто место на Игрите во Атина во 2004 година.

Рајзнер е исфрлена од Олимписките игри во Токио, иако вели дека не е виновна и дека не го удрила коњот силно. Аники Шлои беше водечка по две дисциплини, односно по мачевање и пливање, но не успеа да освои ниту еден бод во коњички скокови и падна на 31. место без шанси за медал.

- Оглас -

Најнови вести