Очајна тактика – Европскиот првак имаше олимписко злато в џеб, страшно кроше му го урна сонот (Видео)

Ерберт Соуса од Бразил го освои златниот медал во бокс во средна категорија на Олимписките игри, а начинот на кој стаса до победа е фантастичен.

Иако губеше на поени од двојниот европски првак Александер Хижнијак и сигурно ќе го загубеше финалето, Бразилецот сепак победи и тоа со еден удар, со фантастично кроше што го декласира фаворитот.

Хижнијак веќе го имаше златниот медал в џеб, но продолжи фајтерски и заврши со тежок нокаут. Соуса молскавично реагираше и го разниша двојниот европски шампион од Украина, кој не можеше да стои на нозе, па судијата одлучи да ја прекине борбата.

 

- Оглас -

Најнови вести