На последниот дел од Олимписките игри во Токио, Британката Лоренс Прајс освои златен медал во среднотешка категорија, откако во финалето со 5:0 ја победи Ли Куан од Кина. Судиите имаа едногласна одлука дека Прајс е подобра и дека заслужува злато на Игрите.
Прајс во текот на целиот живот била спортистка, но не секогаш била со боксот. Како девојче започнала со кик бокс, а потоа се вљубила и поради дечкото започнала да тренира фудбал. Стигнала и до репрезентацијата на Велс, но потоа „пукнала“ љубовта со момчето и ја снемало желбата кон фудбалот.
За да може да преживее, Лоренс морала да вози такси, но не се откажала од спортот. Се вратила во рингот, но овојпат почнала да тренира бокс. Од хоби, боксот и стана професија, а денеска на ЛОИ во Токио стигна и до златниот медал.