Сензација – Барса му нуди на Меси да остане, навивачите велат: Доста нѐ лажете

Шпанските медиуми објавија сензационална вест дека Барселона му понудила на Лионел Меси да остане во клубот, иако веќе и официјално се простија од него, а и играчот на прес-конференција објави дека си заминува.

На веста има многу реакции, а грото од навивачите на шпанскиот гигант се гневни на раководството на клубот и порачуваат да престанат да ја срамат Барселона и да не ги лажат симпатизерите.

„Ова е очајно. Треба да се навикнеме на нова ера без Меси во клубот. Тој нема да остане во Барселона, откако се прости од клубот, а и клубот од него. Тоа би било понижувачки за него. Престанете да им давате лажна надеж на навивачите и да го срамите клубот“, стои во една од многуте реакции на симпатизерите на Барселона.

Меси се уште не е заминат за Париз, па тоа ги подгреа шпекулациите дека може да се случи чудо и тој да продолжи да игра за Барселона.

Од таборот на ПСЖ тврдат дека се е готово и дека Меси ќе игра за нив. Според најновите информации денеска во 10 часот ќе биде и официјално објавено дека Лео е нов фудбалер на Светците од Париз, со двегодишен договор според кој ќе заработува по 35 милиони евра по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести