Дарко Чурлинов постигна прекрасен гол во победата од 3:1 на Јагиелонија против Корона Киелце. Се играше 67 минута кога по еден слободен удар, топката се одби до Чурлинов кој беше на врвот од шеснаесетникот и со силен шут успеа да погоди за 3:1.
Со оваа победа, Јагиелонија стигна до 28 бодови и моментално е на второто место во полското првенство со три бода помалку од лидерот Лех.
Jagiellonia Białystok [3]-1 Korona Kielce – Darko Čurlinov 67′ (Ekstraklasa)
byu/4gjdtokurwa insoccer
Хрватскиот првак Динамо ги разочара своите навивачи на „Максимир“ откако загуби со 2:4 од Осиек. Динамо поведе со 1:0, но Осиек со два погодоци стигна до предност на полувремето.
На стартот од вториот дел Динамо израмни на 2:2, но потоа следуваше ново шоу на гостите кои покажаа дека се подготвени за изненадување и стигнаа до триумф од 4:2. Поради суспензија (жолти картони) во составот на Динамо го немаше Стефан Ристовски, додека Аријан Адеми во игра влезе во 67 минута.