Резил за Барселона, погледнете што му направија на Меси на „Камп Ноу“ (Фото)

За Лионел Меси нема веќе место на „Камп Ноу“, а Барселона се изрезили со неочекувано брзата реакција да ја тргнат фотографијата на Аргентинецот на нивниот стадион.

Навивачите на шпанскиот гигант до последен момент се надеваа на чудо, но тоа нема да се случи, туку дојде до гест што не му доликува на клуб од калибарот на Барселона.

Така барем реагираат грото навивачи на фотографијата што е објавена денеска, а покажува дека е тргната фотографијата на Лео што стоеше на „Камп Ноу“.

Вчеравечер се појавија шпекулации дека Барселона му понудила на Меси да остане, иако претходно и клубот и самиот фудбалер се простија меѓусебе, за разделба по 21 година на Аргентинецот минати во клубот.

Се очекува денеска Меси да отпатува за Париз и да потпише двегодишен договор со ПСЖ, тежоко околу 70 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести