Крај на сагата: Меси денеска доаѓа во Париз!

И дефинитивно Лионел Меси ќе биде новата мегаѕвезда на ПСЖ, во прашање се часови кога францускиот гигант ќе го потврди ангажманот на еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер на сите времиња.

Иако вчера се очекуваше Меси да се појави во Париз, тој преноќи во својот дом во Барселона и за момент даде лажна надеж дека ситуацијата може да се смени во последен момент, но тоа нема да се случи.

Понудата од 35 милиони по сезона, исто толку бонус при потпис и договор 2+1 години е прифатена од страна на тимот на Меси. Токму за денес Светците ја резервираа Ајфеловата кула за претставување на магионичарот од Розарио.

- Оглас -

Најнови вести