Ден за доминација на домаќините

6028 Селтик – Јаблонец (20:45 ч.)

Шкотскиот гигант без проблеми победи на првиот меч на гости и тоа убедливо со 4:2, па сега пред своите навивачи само рутински треба да ја доработи работата за пласман во плејофот од Лигата на Европа. Селтик имаше шест меча без победа, но на последните два меча во кои победи со вкупно 10 дадени гола, покажа дека кризата е надмината.

Навивачите кои беа лути на своите миленици сега ќе бараат да се израдуваат, па може да очекуваме меч без многу калкулации и со многу погодоци.

Предлог тип: 1-1& 3+ (2.80)

 

1603 ХЈК Хелсинки – Нефчи Баку (18 ч.)

Хелсинки има 13 победи во последните 18 меча во сите натпреварувања, но на гости во Баку одигра 2:2, во меч на кој четирите гола паднаа во второто полувреме. Домаќините се во натпреварувачки ритам затоа што веќе има одиграни 15 кола во финското првенство, каде Хелсинки е убедлив лидер.

Нефчи како првак на Азербејџан започна во квалификациите од Лигата на шампиони, но откако го елиминира Динамо Тбилиси, потоа загуби од Олимпијакос. Гостите се незгоден ривал, но реално Хелсинки треба да ја искористи предноста на домашен терен и да победи, макар и минимално за да продолжи во следната фаза.

Предлог тип: 1 (1.95) – Квота од Супер тип во Sport Life

 

6755 ПАОК – Бохемијанс (19 ч.)

Грчкиот тим беше голем фаворит и на првиот меч во Ирска, но доживеа шок и загуби со 2:1. ПАОК губеше со 2:0, а даде гол во финишт на средбата и се избори за поднослив неуспех. Шампионатот во Ирска е во полн ек и веќе има над 20 кола, што значи дека гостите се во натпреварувачки ритам.

Сепак, ќе биде чудо ако ПАОК не успее да го елиминира овој ривал, а за тоа да го направи во регуларните 90 минути мора да победи барем со два гола разлика.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.74)

 

6773 Партизан – Сочи (21 ч.)

Првиот меч во Русија заврши 1:1, па на Партизан сега пред своите навивачи му треба било каква победа за да оди понатаму. На првиот меч Сочи покажа дека е цврст ривал и дека нема лесно да се предаде, па создаде и повеќе шанси од фаворизираните Црно-бели.

Сигурно дека двете екипи ќе влезат претпазливи и дека нема да сакаат да киксираат на почетокот од средбата за потоа да бркаат негатива.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.54)

 

6747 Молде – Трабзонспор (18 ч.)

Овие две екипи го одиграа највозбудливиот меч пред една недела во Конференциската лига, откако во Турција мечот заврши 3:3. Домаќините три пати беа во водство, а гостите израмнуваа. Сега Молде ја има предноста на домашен терен, но тоа не значи дека Трабзонспор е без шанси.

По мечот ос Трабзонспор, Молде одигра уште подраматичен дуел и тоа во домашното првенство, кога победи со 5:4. Се очекуава ваквата голеада на мечевите на Молде да продолжи и вечерва.

Предлог тип: ГГ3+ (1.82)

 

- Оглас -

Најнови вести