Каде гледаше судијата? Ајакс доби глупав подарок кога не му требаше (Видео)

Ајакс очекувано го декласира Нец Најмехен со 5:0 во меч од првото коло во новата сезона во Холандија, но на дуелот се случи непотребна и катастрофална грешка на судијата Бен Нејхаус.

Арбитарот што го носи знакот на ФИФА и е многу ценет во светот на фудбалот замижа во 38. минута и тоа сосема непотребно, бидејќи Ајакс веќе имаше предност од 4:0.

Мазрауи во бековски дуел очигледно го фаулираше гостинскиот дефанзивец Ел Каруани, а Нејхаус не досуди чист фаул и слободен удар за Нец.

Во продолжение на акцијата Душан Тадиќ го постигна петтиот гол за Ајакс и свој втор во убедливата победа од 5:0. Од тој момент, односно од 38. минута немаше погодоци до крајот на мечот што убедливо го доби првиот фаворит за титулата во Холандија.

Ajax 5-0 NEC | Dušan Tadić from soccer

Ајакс ја брани титулата во популарната Ередивизија и е убедливо најтрофејниот клуб во Холандија со 35 шампионски круни.

 

- Оглас -

Најнови вести