Делаведова се врати во Кливленд, Хил замина во Милвоки

Метју Делаведова се врати во Кливленд и повторно ќе игра за Кавалирс, а во Милвоки кај Бакс замина Џорџ Хил. Двата НБА клуба се договорија да разменат играчи, а вклучени се и два пика од следните драфтови во најсилната кошаркарска лига на светот.

Делаведова и центарот Џон Хенсон од Милвоки се преселија во Кливленд, во спротивен правец замина Џорџ Хил, а Кавалирс ќе добијат и еден кошаркар од првата рунда од следниот драфт и уште еден кошаркар од втората рунда на некој од следните драфтови.

Делаведова играше за Кливленд кавалирс од 2013 до 2016 година и во последната сезона беше дел од шампионскиот состав што ја освои НБА титулата.

Хил почна во Сан Антонио спарс, а потоа играше и за Индијана пејсерс, Јута Џез, Сакраменто кингс и Кливленд кавалирс. Хенсон, кој е третиот кошаркар во „трампата“ на двата клуба досега настапуваше само за Милвоки бакс.

- Оглас -

Најнови вести