Ајакс со оригинален дрес во чест на Боб Марли и неговите „Три мали птички“ (Видео)

Ајакс на оригинален начин ја претстави третата комбинација на дресови за оваа сезона. Холандскиот гигант реши оваа постава на дресови да ја посвети на легендарниот пејач Боб Марли.

Дресот е во црна боја, а линиите на дресовите и бројките ќе бидат во „раста боите“, односно жолта, зелена и црвена. Токму тоа се боите на трите птички за кои пееше легендарниот Марли.

Видеото со кое беше претставен новиот дрес е фантастично и покрај навивачите на Ајакс, ги воодушеви и неутралните фанови.

 

- Оглас -

Најнови вести