Салах, немање ВАР, и прекрасен автогол за победа на Ливерпул (Видео)

Ливерпул е нов привремен лидер на Премиерлигата откако триумфално го заврши гостувањето кај Борнмут, со 4:0, но иако конечниот резултат е убедлив, мечот беше доста возбудлив.

„Црвените“ поведоа со голот на Мохамед Салах, кој добро се снајде по одбиената топка од голманот Асмир Беговиќ и погоди за 1-0. ТВ снимките покажаа дека Египќанецот беше во офсајд, но во Премиерлигата нема користење на ВАР технологијата и голот беше признат бидејќи судиите не видоа оти е нерегуларен.

Салах дури седум пати сезонава го отвора резултатот на премиерлигашки меч, со што е убедливо најдобар во оваа статистичка категорија. Напаѓачот во финишот постигна и трети гол, негов 40-ти во Премиерлигата, а пред хет-трикот, ефектен автогол со петица си даде Стив Кук.

Погледнете го автоголот, кој беше и најубав гол на мечот:

https://www.youtube.com/watch?v=GjELqyXvWmU

Џејмс Милнер го одигра својот јубилеен 500-ти меч во Премиерлигата, и тој со 32 години и 338 дена е вториот најмлад фудбалер на кого тоа му пошло од рака. До бројка од 500 меча во кариерата, помлад стигнал само Герет Бери (32 години и 219 дена).

Ливерпул првпат во својата историја има 42 бода од 16 кола и го зазеде првото место, со бод предност во однос на Сити кој доцна попладнево игра со Челзи. Борнмут за првпат после 20 октомври, не успеа да ја затресе противничката мрежа, а англискиот селектор Герет Саутгејт им носи несреќа, бидејќи кога ги гледа, губат со 4:0. Исто беше и против Барнли.

https://youtu.be/J_Vsib8TZkE

- Оглас -

Најнови вести