Очекувано – Двојниот европски првак Жоржињо е играч на сезоната во изборот на УЕФА (Фото)

Жорж Луис Фрелјо Филјо, или попознат само како Жоржињо, ја доби наградата на УЕФА за најдобар фудбалер на сезоната. Изборот беше сосема очекуван откако Бразилецот со италијански пасош блескаше и освои две многу вредни титули.

Со Челзи успеа да слави во Лигата на шампионите по победата против Манчестер сити со 1:0 во финалето на луксузното натпреварување, а потоа и со репрезентацијата на Италија беше на тронот откако со „Аѕурите“ стана европски првак. Италија ја победи Англија на пенали на „Вембли“ во Лондон, а Жоржињо беше единствениот фудбалер со две европски круни, клупска со Челзи и со селекцијата на Италија на ЕП.

 

 

- Оглас -

Најнови вести