Точно на пладне е втората шанса да играат Динамо Загреб – Црвена ѕвезда

По завршување на квалификациските дуели од плејофот во Лигата на Европа и Конференциската лига, познати се сите учесници во групните фази на натпреварувањата на УЕФА. Точно на пладне ќе биде ждрепката за Лигата на Европа, додека за во 13:30 часот е закажана ждрепката за Конференциската лига на УЕФА, која го има дебитантскиот настап.

Во Лигата на Европа се пласираа многу звучни имиња и може да има многу интересни групи. Сепак, најинтересно од сè ќе биде да видиме дали по 30 години чекање, ќе се случи меч меѓу Динамо Загреб и Црвена ѕвезда. Овие некогашни ривали од СФРЈ се дел од Лигата на Европа, а на ждрепката ќе бидат во различни шешири. Динамо е во првиот, а Ѕвезда во вториот шешир по силина.

Еве како изгледаат шеширите за ждрепката од Лигата на Европа:

Прв шешир: Лион, Наполи, Баер Леверкузен, Динамо Загреб, Лацио, Монако, Олимпијакос, Брага.

Втор шешир: Ајнтрахт, Лестер, Црвена ѕвезда, Глазгов Ренџерс, Локомотив Москва, Генк, Селтик, ПСВ.

Трет шешир: Олимпик Марсеј, Лудогорец, Вест хем, Реал Сосиедад, Бетис, Фенербахче, Спартак Москва, Спарта Прага.

Четврт шешир: Рапид, Галатасарај, Мидтјеланд, Ференцварош, Брондби, Антверпен, Штурм, Грац и Легија.

Во Конференциската лига на УЕФА се случи историски момент откако шампионот на Гибралтар, екипата на Линколн, успеа да избори место во групната фаза. Тоа е првпат екипа од Гибралтар да е дел од групна фаза на европско натпреварување. Линколн ќе биде во последниот четврти шешир, но што и да направи во следната фаза, играчите веќе се херои.

Прв шешир: Рома, Тотенхем, Копенхаген, Базел, Гент, Славија Прага, ЛАСК, АЗ Алкмар.

Втор шешир: ПАОК, Рен, Клуж, Макаби Тел Авив, Партизан, Феенорд, Карабах, Зорија.

Трет шешир: Јаблонец, Алашкерт, Слован, Унион Берлин, ЦСКА Софија, Витезе, Флора, Омонија.

Четврт шешир: Макаби Хаифа, Бодо Глимт, Хелсинки, Анортозис, Рандерс, Мура, Каират, Линколн.

 

- Оглас -

Најнови вести