Меси е резерва против Ремс, вечерва може да ги одигра првите минути за ПСЖ

Лионел Меси е на клупата за резерви кај Пари Сен Жермен и може да ги одигра првите минути за новиот клуб вечерва на гостувањето кај Ремс.

Аргентинецот е во необична улога и како резерва ќе очекува Маурисио Покетино да му даде шанса да дебитира за ПСЖ.

Меси пристигна летово во таборот на францускиот клуб како слободен играч, а потпиша двегодишен договор, според кој ќе има плата од 35 милиони евра годишно.

Претходно денеска навивачите на Барселона, кои сè уште не можат да се помират со заминувањето на својата фудбалска икона по дведецениски престој на Меси во клубот, со погрдни зборови му пееја на новиот тим на Аргентинецот.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести