Домаќинот Ферстапен до пол-позиција на холандското Гран при

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за трката на Големата награда на Холандија, која се врати во календарот на Формула 1 по 35 години пауза.

Домашниот возач ја израдува публиката на легендарната патека Зандворт со време од 1:09.6 минути, што се покажа како побрз од големиот ривал и актуелен светски првак, Луис Хамилтон, кој пак на трката ќе стартува од второто место. Колегата на Хамилтон од Мерцедес, Валтери Ботас, го освои третото место.

А во топ 10 по редослед се најдоа уште Гасли, Леклер, Сајнц, Џовинаци, Окон, Алонсо и Рикијардо.

- Оглас -

Најнови вести