Сите натпревари од Прва и Втора МФЛ поместени за во недела, дербито Шкендија – Шкупи ќе се одигра во вторник

Комисијата за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ги помести претстојните натпревари во Првата и Втората лига од сабота за во недела откако Владата прогласи тридневна жалост поради трагедијата во Тетово.

Големата трагедија одзеде 14 животи во пожарот кој се случи вчеравечер во модуларната болница за ковид-19 во Тетово, поради што мечевите од шестото коло во ПМФЛ, односно од третото коло во ВМФЛ ќе се одиграат на 12 септември.

Во меѓувреме, Шкупи го прифати барањето од шампионот Шкендија за нивното дерби да се одигра во вторник. Сите натпревари ќе стартуваат со едноминутно молчење во чест на згаснатите животи.

- Оглас -

Најнови вести