Харли Елиот сигурно го очекува подолга пауза по страотната повреда која ја претрпе за време на дуелот меѓу Лидс и Ливерпул. Дефанзивецот на Лидс Паскал Страјк, со лизгачки остар старт од позади лошо му ја зафати ногата по што дојде до дислокација на глуждот.
Се бараше брза интервенција и по неколку минути Елиот беше изнесен на носилка и со болничко комбе веднаш беше пренесен во болница. Таму наиде на негов помлад колега, односно дете кое исто така на натпревар се здобило со повреда, поточно скршеница на раката, па иако Елиот преживуваше агонија, го израдува младиот фан дарувајќи му го дресот и едната копачка.
Двајцата биле сместени во иста просторија, па Елиот реши да го извади најдоброто од ситуацијата.