Прогнозерите ги опи шармот на Бордо, шестмина имаат шанса за ваучер од 500 денари

Учесниците на Спортска прогноза во четвртото коло што сè уште е во тек и се чека да се одигра дуелот од Ла Лига меѓу Хетафе и Елче вечерва повторно одиграа солидно, но не и перфектно за да има кандидати што чека максимален број погодоци на популарната Тринасетка.

Прекрасниот „ајфон 12“ ќе остане како примамлив подарок веќе за следната рунда, а во оваа шестмина од прогнозерите чекаат 11-ка и ваучери од по 500 денари.

Најголемото изненадување го приреди Ленс со победа од 3:2 на гости кај Бордо, а таков исход, односно двојка, погодија само 7,17 отсто од прогнозерите во четвртото коло од четвртата сезона на Спортска прогноза.

Втората „сопка“ е ремито меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Штутгарт, кои одиграа 1:1 во меч од Бундеслигата. Нулата ја погодија само 14,35 отсто од прогнозерите, па тие два меча не дозволија да има кандидати за освојување на „ајфонот“.

Сепак, стартот и првите четири кола на Спортска прогноза во четвртата сезона што ја организираат Sport Life и Спорт Манија е одличен за учесниците во бесплатната игра.

Имаше многу подарени ваучери од по 1.000 и по 500 денари, а и денеска шестмина прогнозери чекаат Хетафе да не загуби од Елче за да добијат можност да одиграат тикети со ваучери од по 500 денари.

Интересно е што петмина од нив прогнозираа дека Хетафе ќе го победи Елче на домашен терен, а само еден чека нерешен резултат за 11 погодоци и ваучер од 500 денари.

Многу интересно почна и битката за шампион во Генералниот пласман, па водечкиот Никола Д. има дури 38 поени, или во просек 9,5 погодени натпревари по коло, што е топ-ефект.

Зад него се двајца прогнозери со по 37 поени, а во Топ-50 разликата е мала и изнесува само 4 поени. Шампионот на крајот од сезоната ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди ќе има за најдобрите прогнозери во Топ-5, а ќе добијат многу поени за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life.

Следната петта рунда ќе почне веќе од утре, од 14 часот, со нови 13+2 двојки за прогнозирање, а за учество во бесплатната и забавна игра потребно е само да се има СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија за да се освои „ајфон 12“ и многу други вредни подароци.

 

 

- Оглас -

Најнови вести