Белерин го одбра Бетис благодарение на мобилна апликација

Трансфер-периодите секогаш носат интересни детали за премин на играч од еден во друг клуб, такво нешто се случи и со новиот играч на Бетис, Ектор Белерин.

Довчерашниот член на Арсенал го одбра шпанскиот клуб благодарение на апликацијата „Аналитикс“, којашто може да се инсталира и на мобилните телефони. Специјалниот алгоритам којшто го користи оваа апликација им овозможува на фудбалерите да добијат податоци со цел да им го олеснат изборот.

Алгоритамот ги зема предвид слободните минути на посакуваната позиција, тренерот дали со својата тактика одговара за таков тип на играч итн. Во овој случај, Белерин игра на десната бековска позиција, а како предводник го има Мануел Пелегрини, кој игра во формација 4-2-3-1 и му беше потребен играч токму како него.

Во секој случај, ова е интересен начин за бирање клуб и со тоа се чини дека благодарение на оваа технологија, во иднина ќе гледаме сè помалку промашени трансфери.

- Оглас -

Најнови вести