Чешка, елиминирајќи ја селекцијата на Франција, го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на одбојкарското Европско првенство. „Триколорите“ кои важеа за апсолутни фаворити и кои се актуелни освојувачи на Олимпиското злато од Токио, заминаа со наведнати глави откако беа декласирани со убедливи 0:3 (22:25, 19:25, 32:34).
Французите беа едни од најголемите фаворити на овој континентален шампионат бидејќи дојдоа со истиот тим кој играше и во Токио, и тоа „засилени“ на тренерската позиција со легендарниот тренер Бруно Резенде, кој дојде на местото на Лоран Тилиј.
Со оваа победа, Чешка во наредната фаза закажа дуел со селекцијата на Словенија, во меч кој се игра за два дена. Утре на програмата се уште две осминафиналиња, каде што ќе се сретнат Холандија – Србија и Полска – Русија. Оваа фаза ќе биде заокружена исто така на 15 септември, со мечот Италија – Германија.