Им даде гол во 90-тата минута и им порача: Секоја недела би играл против нив (Видео)

Шефилд јунајтед со 1:0 го победијДерби каунти во драматичен меч, решен во последната минута. Били Шарп беше херојот на домаќините откако успеа да погоди од белата точка. Стрелецот на голот потоа реши да прослави гледајќи кон гостинските навивачи, кои во текот на целиот меч го навредуваа.

„Би сакал секоја недела да играме против нив. Навивачите на Дерби не покажаа почитување кон мене и го заслужија тоа што го добија на крајот. Среќен сум што дадов гол затоа што навистина не ги сакам. Бев нервозен пред пеналот затоа што промашив во дуелот со Хал. Пресреќен бев кога видов дека топката е во мрежата“, рече Шарп.

По голот на Шарп, Дерби имаше шанса да израмни, но гостите ја погодија стативата. Шефилд со освоените три бода стигна до 12 бода од девет меча, додека Дерби е последен со минус два бода откако клубот беше казнет со 10 бода поради финансиските проблеми кои ги има.

 

- Оглас -

Најнови вести