Келн со победа над отпишаниот Гројтер Фирт се „лансира“ во топ 4 во Бундеслигата

1801 Келн – Гројтер Фирт (Бундеслига Германија, 20:30 часот)

Домаќинот е во добра форма и со евентуални три бода, барем за момент ќе влезе и во Топ 4 во Бундеслигата, нешто што би било круна на добрата работа којашто ја прави Келн.

Од друга страна, гостите се „заковани“ на дното и иако е рано да се зборува, но изгледаат за најсериозен кандидат кој ќе спакува куферите и ќе се врати во втората лига.

Гројтер Фирт има само еден освоен бод по шест одиграни натпревари и ќе биде мало чудо ако некако успее да избори опстанок.

Келн дома на седум натпревари нема пораз, а пет од нив се со победа. Во последните две средби, токму Келн се радуваше на триумфот, и тоа со идентичен резултат од по 4:0, не гледаме причина зошто и вечерва не би било слично.

Предлог тип 1 и Т12+ (1.72)

 

1011 Стоук – ВБА (Чемпионшип Англија, 20:45 часот)

Стандардно, екипите од втората лига по квалитет во Англија не се познати по постигнување на голем број голови. Секако дека има исклучоци, но меѓу нив не се Стоук и ВБА, кои редовно играат од нула до два гола, но исто така се и во многу добра форма.

Очигледно е дека денешните ривали ќе бидат едни од најсериозните кандидати за влез во Премиер лигата, а иако сезоната е долга, секој бод е драгоцен.

Стоук пред своите навивачи не знае за пораз веќе 10 средби, а импресивно е што и ВБА нема изгубено меч на гости дури осум натпревари.

Предлог тип: Било кога X (1.76)

 

8362 Фенербахче – Црвена ѕвезда (Кошарка, Евролига)

Најдоброто кошаркарско натпреварување во Европа тргна со новата сезона.

Кога сме кај најголемите фаворити, нема некои драстични промени, а Фенербахче секако дека е меѓу нив.

Турскиот гигант во првото коло на свој терен ја пречекува Црвена ѕвезда, која допатува без неколку играчи коишто се позитивни на корона-вирус, но и тие да беа, тешко дека ќе променеа нешто.

Традицијата е на страната на Фенер, кој ќе сака да ги израдува своите навивачи со триумф во Евролигата.

Предлог тип: 1 и минус поени (2.40)

 

1276 Фин Харпс – Дандалк (Премиер лига Ирска, 21:00 часот)

И двете екипи играат очајна сезона и се наоѓаат во долниот дел од табелата, само на два, односно четири бода од плејаутот.

Но, кога и да се соочат Фин Харпс и Дндалк, головите и возбудувањата доаѓаат во изобилство.

На последните пет средби, во просек има по 3,5 гола кога е домаќин Фин Харпс, а само пред неколку дена одиграа на истиот овој терен 3:3.

Предлог тип: 3+ (1.96)

 

1701 Ленс – Ремс (Лига 1 Франција 21:00 часот)

Ленс е едно од најпријатните изненадувања во француската лига и во моментов се наоѓа на второто место.

Има само еден пораз на последните пет средби, а доколку сака да остане во борбата за пласман во самиот врв, победа над Ремс е задолжителна.

Гостите ќе бидат задоволни и со изборување опстанок, а по сè изгледа без проблем ќе ја остварат таа цел, но вечерва ќе играат без неколку првотимци, а тоа со сигурност ќе се одрази на нивната игра.

Предлог тип: Т12+ (2.09)

 

 

- Оглас -

Најнови вести