15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Црвените не погрешија против најслабиот тим во Премиер лигата

Ливерпул со петтата победа сезонава се искачи на чело на табелата по шест кола во Премиер лигата. Црвените со 2-1 го победија „фенерџијата“ Вулверхемптон кој има само 1 бод.

Мохамед Салах од пенал го даде голот за 2-1 и тоа на половина час до крајот на средбата.

Сега Ливерпул е прв со 15 бодови, по 14 имаат Манчестер сити и Арсенал, а чекор со нив држи и Челзи кој има 13. Астон Вила утре игра со Ипсвич и ако победи ќе му се приклучи на Ливерпул на врвот.

- Оглас -

Најнови вести