Македонија ги има двајцата најдобри голмани во ЛШ (Видео)

Македонските голмани Никола Митревски и Борко Ристовски ги зазедоа првите две позиции во изборот на ЕХФТВ кога се работи за најдобрите одбрани во третото коло од Лигата на шампионите. Митревски имаше девет одбрани за Порто на гости кај Динамо Букурешт, а португалскиот тим на крајот стигна до победата.

Борко Ристовски беше еден од најзаслужните за победата на Вардар во „Јане Сандански“ против европскиот вицепрвак Алборг. Искусниот Ристовски имаше дури 16 интервенции, а посебно спектакуларни беа двете одбрани кога најпрво сопре гол од пенал, а веднаш потоа го одбрани и вториот удар на гостинскиот играч од шест метри.

Најдобрите пет одбрани од изминатото коло во Лигата на шампиони може да ги видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести