1307 Еспањол – Реал Мадрид (16:15 ч.)
Реал Мадрид игра одлично на гостински терен и сезонава има три победи и само едно реми, без пораз во домашното првенство. Еспањол не е тим од кој Кралевите треба да се плашат, а тоа го покажува и традицијата која вели дека Реал има 15 победи во последните 16 меча со овој ривал.
Тоа што е катактеристично на последните мечеви е дека има малку погодоци, па на седум од последните осум средби било со не повеќе од два гола.
Предлог тип: 2&0-3 (2.65)
3008 Рома – Емполи (18 ч.)
Ова е дуел на два од четирите тима кои сезонава немаат одиграно нерешено во Серија А. Рома дома е перфектна со три победи од три меча, но истото важи и за Емполи кој ги доби двете гостувања и тоа без да прими гол (славеше и во Торино против Јувентус со 1:0).
Сепак, реално тешко е да се очекува дека Емполи може да направи ново големо изненадување против тим кој се бори за висок пласман. Римската волчица се радувала пет пати и еднаш ремизирала со овој ривал и најчесто триумфите биле најавувани со голови во првото полувреме.
Предлог тип: 1-1 (2.09)
1007 Вест хем – Брентфорд (15 ч.)
Брентфорд е најпријатното изненадување во Англија откако го победи Арсенал, а одигра нерешено со Ливерпул. Одбраната е главен адут на новиот премиерлигаш, додека Вест хем има добар напад кој во просек дава над два гола на меч.
Во Премиер лигата ќе играат прв пат, а во изминативе две години одиграа два пријателски меча на кои Чеканите победуваа со по еден гол разлика.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.08)
1704 Рен – ПСЖ (15 ч.)
Дали ова ќе биде мечот на кој конечно перфектно ќе профункционира триото Нејмар-Мбапе-Меси? Рен е опасен ривал кој во последните две сезони има победа и реми против ПСЖ. Кога играат овие два тима секогаш се очекува отворен фудбал со погодоци на двете страни.
На 12 од последните 15 меча имало најмалку три гола, а дури девет пати во овој период било и 4+, па затоа е најдобро да се игра на голови
Предлог тип: ГГ3+ (1.86)
1638 ПСВ Ајндховен – Спарта Ротердам (20 ч.)
Домаќинот е изразит фаворит на овој меч. ПСВ победи на седум од последните девет дуели со Спарта, а фактот дека и сезонава има одличен напад, треба да значи нови три бода за домаќинот.
Спарта е екипа без големи амбции и за нив најважно ќе биде сезонава да не испаднат од елитното друштво.
Предлог тип: Т1 1+I&1+ II (1.80)