Се чудеше и Левандовски, погледнете што му одбрани Трап (Видео)

Кевин Трап брзо ја надмина незгодната ситуација во Антверп во четвртокот, кога навивачите на белгискиот клуб му фрлаа факли во нозете, па денеска ја покажа класата, и тоа против најмоќниот голгетер во Европа.

Голманот на Ајнтрахт одбрани на неверојатен начин во 56-тата минута, кога Роберт Левандовски само од 3-4 метри од чиста ситуација еден на еден упати удар кон голот на гостите.

Bundesliga | Bayern Munich 1-1 Eintracht Frankfurt, Kevin Trapp insane save vs Robert Lewandowski 56’ from soccer

Трап одбрани брилијантно во моменти кога беше 1:1 и е еден од најзаслужните за сензационалната победа на Ајнтрахт од 2:1 против Баерн во Минхен.

Со головите на Хинтерегер и на Костиќ, Ајнтрахт направи пресврт и му го нанесе првиот пораз на Баерн Минхен сезонава.

 

 

- Оглас -

Најнови вести