Чудо во Минхен – Орли од Франкфурт му го грабнаа пленот на Баерн Минхен (Видео)

Ајнтрахт Франкфурт одигра блескав меч во Минхен и со пресврт успеа да го победи Баерн со 2:1, што е прв пораз за актуелниот првак и најтрофејна екипа во Германија.

Леон Горецка најави нов триуфм на Баварците со гол во 29-тата минута, но гостите од Франкфурт приредија чудо и со головите на Хинтерегер и на Костиќ победија на „Алијанц арената“ во Минхен.

Победничкиот гол за Ајнтрахт на српскиот репрезентативец можете да го погледнете ОВДЕ.

Баерн имаше девет победи по ред во новата сезона, а ова му е прв пораз од април годинава, кога Мајнц успеа да слави со 2:1, идентично како и денеска Ајнтрахт.

Баерн остана на првото место во Бундеслигата со 16 бода по 7 кола, а Ајнтрахт со првата победа во новата сезона стигна до 8 бода и до 13-тото место на табелата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести