Во Романија сигурно ќе победи гостинот

3641 Јуве Стабија – Палермо (21 ч.)

Јуве Стабија заедно со лидерот Бари се единствените две непоразени екипи во Серија Ц, група Ц. Главниот адут на Јуве Стабија е одличната одбрана, па затоа во шесте кола досега прими само три гола. Палермо е тим кој исто така игра цврсто, па затоа има три нерешени средби во првенството.

Минатата сезона овие две екипи одиграа три меча, а интересно е дека на сите три се радуваа гостите, но сега реално домаќините не треба да си дозволат таков луксуз и да загубат.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.80)

 

1941 Хапоел Ранана – Хапоел Рамат Ган (18 ч.)

Дуел на двете најслаби екипи во втората израелска лига кои уште чекаат да се израдуваат на првата победа. Минатата сезона Хапоел Ранана дома победи 1:0, а на гости освои бод (1:1), па реално и сега треба да ја искористи предноста на домашен терен.

Ова може да биде меч кој ќе го реши и еден момент и тешко е дека ќе може да се види квалитетен фудбал на две екипи кои ќе се мачат да не испаднат од втора лига.

Предлог тип: 0-2 (1.62)

 

1605 Магдебург – Тургучу Минхен (19 ч.)

Магдебург е тим кој има амбиции да се бори за позиција која ќе носи пласман во повисок ранг, па затоа на домашен терен не смее да си дозволува многу киксови. Минатата сезона Магдебург дома, без многу проблеми, со 2:0 го победи овој ривал, а според очекувањата, и денеска кецот е добра варијанта.

Тоа што е карактеристично за двата тима е дека играат без калкулации, па Магдебург нема нерешено на последните девет меча, а Тургучу Минхен во последните седум меча или победува или губи.

Предлог тип: 1 (1.80) – квота во Супер типот на Sport Life

 

1554 Трофенсе – Национал (21:15 ч.)

Меч од втората португалска лига, и тоа на два тима кои немаат големи амбиции. Трофенсе е екипа која лани играше во третата лига и сега цел им е да останат во рангот погоре што го изборија. „Бункер“ е стратегијата на домаќините, па не е ни чудно што го имаат најслабиот напад во лигата, но и третата најдобра одбрана.

Во една ваква ситуација, сигурно нема да може да очекуваме многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I& 0-1 II (1.80)

 

2830 Академика – Ботосани (19:30 ч.)

Еден од ретките мечеви од елитно друштво во европскиот фудбал. Во најсилната романска лига, Ботосани е фаворит на гостувањето кај Академика. По 10 одиграни кола, Академика е закована на дното на табелата само два бода и единствена без победа.

Ботосани игра одлично и со победа или реми ќе се искачи на второто место на табелата, па нема дилема дека гостите ќе атакуваат на трите бода.

Предлог тип: 2 (1.81)

 

- Оглас -

Најнови вести