Нов секс-скандал во женскиот фудбал

Женскиот фудбал одново го тресе нов секс-скандал откако дури 24 репрезентативки на Венецуела јавно признаа дека биле злоставувани од поранешниот селектор Кенет Зсремета.

Најпознатата фудбалерка од оваа држава, Дејна Кастелањос, ја потпиша иницијативата од овие 24 фудбалерки.

Време е да се преземат некои работи бидејќи вака не може. Ние сме жртви на монстурм“, изјави Кастелањос, која игра за Атлетико Мадрид.

Зсремета во моментов е само под суспензија од страна на Венецуелската фудбалска федерација, а по ваквите обвинувања, дефинитивно не му бега голема затворска казна. Тој беше селектор на женската фудбалска репрезентација девет години, сè до моментот кога беше отпуштен во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести