Германците пристигнаа во Скопје каде ги дочекаа околу стотина љубители на фудбалот, а на гости ни е најтрофејната селекција во сите спортови што било кога допатувала во Македонија.
Утре ќе играме против четирикратниот светски првак и троен европски шампион, кој има уште по 4 сребра и бронзи од Мундијалите и по 3 европски круни, сребрени и бронзени медали на Континенатлните шампионати.
Во популарнито Маншафт има многу ѕвезди од калибарот на Милер, Гнабри, Сане, Горецка… и се големи фаворити против нашата репрезентација.
Но и Македонија си има свои сметки, а посакуваме реприза од март годинава кога приредивме подвиг во Дуисбург и ги победивме со 2:1 во првиот меѓусебен меч.
Сега е вториот чин, а ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.