Гарсија му одговори на судијата Тејлор: Сум сакал да играм со топката? Па за тоа се игра фудбал, што требаше да се тргнам?

Ерик Гарсија не го прифаќа објаснувањето на судијата Енди Тејлор за спорниот момент од 80. минута кога Килијан Мбапе од сомнителна позиција го постигна победничкиот гол за Франција во финалето на Лигата на Нации против Шпанија.

Мбапе според сите фотографии што се објавени е во офсајд при додавањето од Тео Ернандес, но Тејлор сметаше поинаку и го призна голот за победа на Триколорите.

Сепак Тејлор им објаснувал на Шпанците и на Гарсија дека стоперот на Црвената фурија се обидел да игра со топката и офсајд во таква ситуација нема.

„Па што требаше да правам. да се тргнам и да го оставам Мбапе да ни даде гол. Тоа беше чист офсајд и тоа веднаш му го кажав и на судијата, но очигледно има други правила“, вели Гарсија.

Неговата верзија од разговорот со судијата Тејлор ја потврди и капитенот на Шпанија, Серхио Бускетс.

Тој момент од 80. минута е еден од најчудните во историјата на фудбалската игра и предзивка невидена дебата кај фудбалските фанови и експерти.

Грото од нив сметаат дека позицијата на Мбапе е класичен офсајд и дека голот за победа од 2:1 е нерегуларен. Интересно е што спротивно мислење има еден од најдобрите шпански судии во минатото, Итуралде Гонзалес.

Иако е Шпанец тој ја брани одлуката на Тејлор и објасни за што се работи.

Мбапе е во офсајд и тоа е многу очигледно. Гарсија имаше лош допир со топката за да ја расчисти ситуацијата. Кога ја допирата топката, фактички почнува друга акција на Мбапе, а тој не му пречи и не врши притисок врз Гарсија. И со тоа не влијае врз неговата реакција. Ако Килијан влијаеше врз обидот на Гарсија да интервенира, ќе беше офсајд. Правилникот вели дека се суди офсајд само ако напаѓачот влијае врз реакцијата на противничкиот играч“, објасни Итуралде.

 

 

- Оглас -

Најнови вести