Вакво објаснување немало досега: Мбапе е во офсајд, ама не е офсајд, виновен е Ерик Гарсија (Видео+Фото)

Еден од најконтоверзните моменти во историјата на фудбалот, вечерва на мечот меѓу Франција и Шпанија им донесе титула на Триколорите во Лигата на Нации, а објаснувањето е малку и чудно за ситуацијата од 80. минута.

Килијан Мбапе беше во офсајд, но обајснувањето е дека при пасот на Тео Ернадес топката ја допрел играчот на Шпанија, Ерик Гарсија.

Ваква ситуација досега немало, а судијата Енди Tејлор доби сугестии од ВАР собата да го признае погодокот за победа на Франција од 2:1.

Првично било потврдено дека Мбапе е во офсајд, но намерата на Гарсија да игра со топката била клучна за пресврт и одлука на Тејлор да го признае голот.

Ова е чудно објаснување ако се знае дека офсајд ситуација се смета од моментот на додавањето, во овој случај пасот на Ернандес, но очигледно сега има поинакви верзии за ваквите ситуации.

Франција со тој гол на Мбапе победи со 2:1 и ја освои титулата во Лигата на Нации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести