Страшно добра е фудбалската приказна на Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој вечерва со хет-трик против Луксембург стигна до јубилеј од неверојатни 800 голови во кариерата. Со последниот гол на мечот ја мина границата 800 и сега има вкупно 801 гол во кариерата.
За Португалија вечерва во Фаро погоди двапати од пенал во осмата и во 13-тата минута и потоа од игра во 87-мата минута во победата од 5:0 и прослави голем јубилеј.
https://twitter.com/JagunJagun6/status/1448025268807880704?s=20
Почетокот на гол-шоуто што сè уште трае во една од најубавите спортски приказни на сите времиња е во октомври 2002 година.
Тогаш Роналдо ги постигна првите голови, како играч на Спортинг против Мореиренсе. Беше двоен стрелец во 34-тата и во 95-тата минута, што му беа први погодоци во професионалната кариера.
Денеска, во ист месец кога го почна гол-шоуто, даде три гола, а во меѓувреме се редеа рекордите. Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на фудбалот со 115 гола, кога се во прашање погодоците за националните репрезентации, пред Али Даеи од Иран со 109, а има уште многу неверојатни достигнувања во кариерата.